Новото засилување на Интер, Кристиан Ериксен остана воодушевен од атмосферата во градското дерби против Милан.
Ериксен натпреварот го започна од клупата и во игра влезе во второто полувреме при победата на „нероаѕурите“, но особено го воодушеви атмосферата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Атмосферата беше уникатна! Такво нешто нема во Премиер лигата. Во Англија пиротехниката не е дозволена, а нема ниту такви кореографии. Овде навивачите ги чуствуваш од моментот кога ќе излезеш од автобусот. Беа наш 12-от играч во текот на целиот натпревар и благодарни сме им на тоа. Страста на навивачите прави да сватиш дека станува збор за уникатен меч“, изјави Ериксен.