Македонскиот репрезентативец Ердон Даци во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Беверен.
Даци е член на Вестерло, кој се согласи да го пушти на шестмесечна позајмица во Беверен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ердон доаѓа на позајмица до крајот на сезоната. Досега постигна три гола за Вестерло и се покажа како важен фудбалер, па очекувам да биде големо засилување за нас“, истакна спортскиот директор Том Ван ден Абиле.
25-годишниот офанзивец пред да се пресели во Белгија ги бранеше боите на турскиот Коњаспор.