Oд германската полиција соопштија дека приведени се седум навивачи на Србија кои биле вмешани во тепачката со група Албанци во Гелзенкирхен пред вчерашниот натпревар против Англија.
Инцидентот по кој се приведени навивачите се случил на терасата на еден ресторан во градот, а на уште неколку локации беа забележани и други пресметки.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Портапролот на полицијата во Гелзенкирхен соопшти дека причините зошто дошло до инцидентот засега се непознати.
„Причините за тоа што се случи се уште се нејасни, не е познато зошто имало пресметка со фанови чија селекција тој ден воопшто не играла“, изјавил портпаролот.
Германската полиција имаше засилени мерки за безбедност пред вчерашниот натпревар на Србија и Англија, но очигледно инцидентите со останатите навивачи и не можеа во целост да ги спречат.