Германските и англиските медиуми пренесуваат дека ѕвездата на Шалке, Леон Горецка од следната сезона ќе игра во Ливерпул.
Наводно Јирген Клоп го убедил својот сонародник дека за разлика од Барселона во Ливерпул ќе има голема минутажа, што за германскиот репрезентативец би бил клучот за време на пролетта.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многу клубови се заинтересирани за фудбалерот на Шалке, неговиот клуб сака да земе некои пари пред летото кога му истекува договорот и продажбата во Ливерпул би можела да биде решение. Од другата страна, тоа би значело дека Ливерпул ќе го продаде другиот Германец, Емре Чан во Јувентус.
Тој веќе има договор со Јувентус за лето, Ливерпул бараше десет милиони за да го пушти шест месеци пред истекување на договорот, Јуве понуди половина, за Чан да стигне порано во клубот. Сега неговата судбина е поврзана со Горецка, поточно овие два трансфери би можеле да бидат поврзани.