Дома Останати Кошарка НБА Ентони Дејвис одби 146 милиони од Лејкерс

Ентони Дејвис одби 146 милиони од Лејкерс

Крилниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис одби 146 милиони долари за продолжување на договорот со „езерџиите“.

Како причина за таквата негова одлука се наведува желбата да биде слободен агент во летниот преоден рок. Дејвис за наредната сезона има загарантиран договор на 28.7 милиони долари, но не сака да ја искористи ниту таа опција.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Раководството на клубот сака да ја темели играта врз него и Леброн, па на Ентони Дејвис му бил понуден максимален четиригодишен договор вреден 146 милиони долари.

Оценка на стручњаците е дека Дејвис не сака да го напушти Лос Анџелес туку сака да остане фокусиран на тековната сезона, а по нејзино завршување да потпише петгодишна соработка со Лејкерси на максимални 202 милиона долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…