Славниот британски тенисер Енди Мареј денеска во мечот во двојки го одигра последниот натпревар на Вимблдон.
Вимблдон за Мареј е посебен турнир затоа што во 2013 години по 77 години пауза стана првиот Британец кој го задржал трофејот „дома“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Единаесет години подоцна тој се збогува со еден од најголемите светски турнири. Не можеше да ги задржи солзите и призна дека е тажен што е принуден да го напушти тенисот.
„Сакам да играм засекогаш. Навистина го сакам овој спорт кој ми даде многу. Ме научи на многу лекции кои ќе ги користам до крајот на мојот живот. Не сакав да запрам и затоа ми е тешко“, низ солзи истакна Мареј.
Покрај теренот на овој меч беа и големи имиња од тенисот како Ѓоковиќ, Швојнтек, Навратилова, Мекинро…сите заедно со публиката со силни овации го поздравија Мареј.
Struggling to hold back the tears 😢
— BBC Sport (@BBCSport) July 4, 2024
Centre Court gives a standing ovation to Andy Murray 👏#BBCTennis #Wimbledon pic.twitter.com/sUEDGxJd4B