Дома Фудбал Италија Емре Џан повторно го предупреди Јувентус

Емре Џан повторно го предупреди Јувентус

Актуелниот германски репрезентативец Емре Џан уште еднаш потврди дека може да го напушти Јувентус.

Џан е во Торино од 2018. година, а иако се веруваше дека ќе биде големо засилување за Бјанконерите, тој епитет до сега не го оправда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој 25-годишен фудбалер во никој случај не е задоволен од неговиот статус во Јувентус, а шпекулациите дека може да го напушти клубот во текот на зимата, не ги исклучи ниту тој самиот, предупредувајќи го клубот дека „мора да се најде решение“.

„Не сум задоволен од ситуацијата во Торино, не го кријам тоа и мора нешто да се промени. Мора да најдеме решение“ – рече Џан во интервјуто за „Билд“.

Споменатиот германски спортски весник ја смета Борусија Дортмунд како следна дестинација во кариерата на Џан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го носи играчот кој го посакуваа Барселона, Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед!

Како што пренесува Тутоспорт, Јувентус успеа да победи во жестоката конкуренција на Барсел…