Дома Трансфер зона Емре Чан се сели во Јувентус – прашање е само кога!

Емре Чан се сели во Јувентус – прашање е само кога!

Сега е јасно, останува прашањето дали ќе дојде на зима. Но, наводно се е договорено. Како Италијанците го анализираат трансфер периодот на Јувентус?

Повеќе нема дилема, Емре Чан ќе го засили Јувентус. Како што пишува „Corriere delo Sport“, играчот му ја соопштил на Ливерпул конечната одлука дека не сака да потпише нов договор, и дека се договорил со Јуве. Вчера Италијанците се обиделе да го купат, но Црвените останаа упорни, како и со Кутињо, пред да го доведат Лемар.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Сега постојат две опции, наводно Јувентус ќе понуди 10 милиони евра за Чан да пристигне во јануари и да има време да се навикне, бидејќи во тимот следното лето би требало да биде заменик на својот сонародник, Сами Кедира. Во втората варијанта, на 1. јануари, Чан ќе потпише за Јувентус, а потоа во јули ќе пристигне во Торино.

Инаку, трансфер периодот е завршен, анализите не се согласуваат, Јувентус по многумина доби две големи засилувања, Ховедес и Матуиди, двајца искусни играчи за релативно мали пари. Но, од другата страна, на многумина не им е јасно зошто е доведен Бернандески, кога Квадрадо остана. Исто така, ќе видиме што ќе покаже Даглас Кошта, но, тој е на позајмица. Остана и талентираниот Бетанкур кој го изненади Алегри на подготовките, па одлучено е уругвајскиот „Октопод“ кој веќе дебитираше во Серија А да не оди на позајмица.

На крајот, како што работите се собраа заедно, Јуве сепак потроши значително помалку пари отколку минатото лето, ги продаде Бонучи и Лемина, има уште време да се продаде и Асамоа, но не доведоа замена, па Африканецот до јануари би можел да остане. Пронајдена е замена и за Буфон во одчичниот Шчезни, а навивачите го критикуваат доведувањето на Де Шиљо, особено бидејќи не веруваат дека Лихштајнер и Ховедес подобро дејствуваат и дека ќе се борат за местото на десниот бек.

Сето тоа собрано значи дека не беа потребни некои поголеми засилувања од овие, ниту тие беа реални, наводно во последниот ден Јуве се обиде да го купи Белерин за 40 милиони евра, но изгледа дека таа информација не е сигурна, бидејќи практично одбраната е затворена.

Алегри би можел со Ховедес да се врати на 3-5-2, бидејќи Германецот со Киелини и Ругани или Барзаљи би можел да го формира триото позади, го имаат Квадрадо десно, лево е Алекс Сандро, а Матуиди, Кедира и Пјаниќ, со Диабала и Игуаин гарантираат квалитет.

Целта беше да се засили клупата, а тоа е остварено, како и да е, по овој трансфер период, јасно е, Јувентус и понатаму останува првиот кандидат за титулата и изгледа дека само Наполи може да им парира…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, К…