Мeдиумите во Италија пренесуваат дека во моментов има два клуба кои се заинтересирани да го донесат Емре Чан во своите редови во јануарскиот преоден рок.
Францускиот шампион, ПСЖ веќе подолг период пројавува интерес и може да тргне по неговите услуги во јануари. Вториот заинтересиран тим е Баерн Минхен кој сака да ја засили средината со германскиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед исто така покажува сериозен интерес за 25-годишниот играч за врска и веќе подолго време е во контакт со неговите агенти.
Меѓутоа Чан преферира клуб кој игра во Лигата на шампионите каде ќе има право за настап и во вториот дел од сезоната затоа што во моментов не е пријавен за настап во најелитното европско натпреварување од страна на Јувентус.
Чан беше ангажиран во Јувентус во 2018 година како слободен агент од Ливерпул, но оваа сезона не влегува во плановите на тренерот Сари.