Новиот фудбалер на Јувентус, Емре Чан пред медиумите одлучи да го пофали својот нов соиграч кој исто така пристигна во Јуве во овој преоден рок, Кристиано Роналдо
Чан стигна во Јувентус ова лето, како и Роналдо, па Германецот порача дека ќе му претставува задоволство што ќе игра МОЖЕБИ со најдобриот играч во светот. Зборот „можеби“ веројатно нема да му се допадне на Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неверојатно е да се игра со таков фудбалер, можеби тој е и најдобриот во светот“.
„Доволно е да се види што тој направи во изминатите години и колку голови постигна. Убаво е што ќе бидеме во ист тим, иако другите клубови во Италија сигурно не се премногу среќни поради тоа“, изјави Германецот за „ВВС“
Секако дека е задоволство некој вас да ве смета за можеби најдобар фудбалер во светот, но Роналдо сигурно сака повеќе од своите соиграчи со оглед на тоа како фудбалерите на Барса го фалат Меси. Никогаш играч на Барса не кажал и сигурно додека е Меси таму нема да каже „можеби Меси е најдобриот“.