Британскиот тенисер, Енди Мари на емотивна прес-конференција најави дека Австралија Опен може да му биде последен турнир во неговата кариера.
Мари со солзи во очите раскажуваше за сите негови проблеми со кои се соочил во последните две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се чувствувам добро, патам веќе долго време. Претрпев многу болка во изминативе 20 месеци. Направив речиси се што можев за да го подобрам мојот колк, но ништо не помогна. Подобар сум во споредба пред шест месеци, но се уште имам силни болки. Можам да играм на одредено ниво, но не на нивото на кое играв претходно. Мислам дека постои голема шанса Австралија Опен да биде мојот последен турнир. Сакам да го дочекам Вимблдон и таму да ставам крај, но не верувам дека ќе издржам уште четири или пет месеци со оваа болка.“ – изјави низ солзи Британецот.
The start to Andy Murray’s press conference was very emotional ? pic.twitter.com/hObwoj71uo
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 11, 2019