Македонија има европски шампион во карате, Емил Павлов во финалето го совлада Италијанецот Анџело Кершенцо и го освои златниот медал.
Емил Павлов повторно стана европски шампион во каратево категоријата до 60 килограми, на континенталното првенство во карате што се одржува во Нови Сад.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Павлов, во финалето, со 3:1 го победи репрезентативецот на Италија, Анџело Крешенцо.
Претходно, до финалето, Павлов ги совлада Имрик од Словачка, Атар од Холандија, Дуловиќ од Црна Гора и Калнинс од Летонија.
Павлов во Нови Сад придодаде уште еден медал од европскте првенства во својата колекција. Тој во кариерата веќе има освоено едно злато и една бронза