Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери е одлучен во тоа да ја засили одбраната со искусни играчи.
Најболна точка на Арсенал е одбраната, па Емери токму тука ќе се обиде да се засили.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британските медиуми објавија дека Арсенал е блиску до договор и ангажман на дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастопопулос.
Договорот на грчкиот репрезентативец му истекува за една година и Арсенал за него би требало да плати оштета од околу 18 милиони евра.
Да потсетиме, од Арсенал неодамна го најавија и доаѓањето на Швајцарецот од Јувентус Стефан Лихштајнер (десен бек) на кого ова лето му истекува договорот со Јувентус.
После Обамејанг и Михтаријан, грчкиот стопер Папастопопулос ќе биде третиот играч на „милионерите“ кој ќе се придружи на Арсенал од кога минатата година на „Емирати“ пристигна поранешниот главен скаут на Борусија Дортмунд, Свен Мислинтат.