Унаи Емери по завршувањето на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен откако и оваа сезона со своите избраници не успеа да направи исчекор во Лигата на шампионите.
Емери клупата на ПСЖ ќе ја напушти кон крајот на јуни, а сега ја отвори душата и призна дека тој не е „главен“ на „Паркот принцовите“ и дека таа улога му припаѓа на бразилската ѕвезда Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во една прилика Жорге Валдано (поранешен аргентински фудбалер и тренер) ми кажа дека во Барселона е лидер Меси во Реал Мадрид, Флорентино Перез, во Атлетико Симеоне. Играч, претседател и тренер – различни се улогите во секој тим. Јас совршено добро знам кога сум одговорен за нешто и тоа го прифаќам. Тоа е нешто што го добивате со искуството“, изјави Емери кој потоа зборуваше за улогата на Нејмар.
„Во секој клуб мората да знаете која е вашата улога и која улога ви ја наметнува колективот, а во ПСЖ лидер е Нејмар. Тој дојде тука за да биде лидер, да помине низ процес кој ќе го направи најдобар играч во светот. Тоа е нешто за кое е потребно време…Ќе го земам примерот на Гвардиола, тој е шеф во Сити, но во ПСЖ тоа мора да биде Нејмар“, заврши Емери.
Во зборовите на Емери со оглед на сегашните случувања секако дека и тоа како има вистина.