Шпанскиот стратег Унаи Емери смета дека незадоволството на навивачите е главната причина за неговиот отказ на клупата на лондонскиот клуб.
Емери го превзема клубот од „Емирати“ после заминувањето на Арсен Венгер, но не успеа да ги оствари очекуваните резултати. Поради тоа оваа сезона доби отказ, а на негово место беше поставен Микел Артета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаше некои проблеми. Прво расправијата со Озил и Колашинац, потоа проблемите со доведувањето на Николас Пепе…Не игравме добро, тоа е сигурно. Немаше добри резултати, изостана напредокот, а навивачите се фокусираа на мене и ме избркаа. Меѓутоа јас се се трудам луѓето да ги паметам по добри работи“, изјави Емери.
Арсенал во овој момент е 10.ти во Премиер лигата со четири бода помалку од петтопласираниот Манчестер Јунајтед.