Барселона освен што го договори Рабио за на лето, изгледа нема да биде премногу активна и да доведува играчи во јануари, но би можеле да продаваат.
Ернесто Валверде порача дека не е премногу заинтересиран за доведување нови играчи, заминувања пак сигурно ќе има. Во Барселона постојат неколку фудбалери кои не се задоволни од минутажта, пред се тука се мисли на Денис Суарез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер одигра само неколку натпревари во досегашниот дел од сезоната. Суарез бараше од клубот да го пушти во јануари да пронајде клуб каде што ќе има поголема минутажа. Интерес за овој играч покажаа неколку шпански клубови, но сега во трката се вклучил и Арсенал.
Суарез веќе играше под водство на Емери во Севиља каде што помина две сезони на позајмица од Барселона. Тогаш беше стандарден член на тимот и Емери не киреше дека Суарез е еден од неговите по омилени играчи. Сега кога е јасно дека Рамзи заминува изгледа дека Суарез би можел да биде совршено решение во средниот ред на Арсенал.
#Arsenal have opened talks with Barcelona to sign Denis #Suarez. Unai Emery wants him on January. ? #AFC #transfers #Barcelona
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 5, 2019