Како што стојат работите Унаи Емери ќе има сериозен буџет за засилување на тимот во јануарскиот преоден рок. Клубот има намера да му обезбеди околу 100 милиони евра.
Првото име кое пристигна е Алекс Морено од Реал Бетис. Добро познато е дека „помалите“ клубови од Англија имаат поголема финансиска моќ од оние на нивно ниво од другите првенства.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Емери ќе добие неколку засилувања, а за првото Вила плати сума од 15 милиони евра. Уште една желба на Емери исто така е поранешниот играч на Арсенал, Матео Гендузи кој го носи дресот на Марсеј. Потписот на Гендузи веројатно би чинел околу 30-40 милиони евра.
Покрај Гендузи на листата желби е уште Арно Данџума од Виљареал кого Емери добро го познава, неговата цена се проценува на околу 50 милиони евра.