Реал Мадрид минатото лето го пушти Касемиро да замине во Манчестер јунајтед, а сега „Ел Насионал“ носи спектакуларна вест дека Карим Бензема би можел да замине од шпанскиот гигант.




Медиумот пишува дека Бензема наводно е подготвен да замине од „кралскиот клуб“ ако во меѓувреме биде ангажирана друга ѕвезда во нападот следното лето, а наводно заинтересиран за францускиот напаѓач е Ливерпул.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Бензема оваа сезона не игра најдобро за „кралевите“ бидејќи често беше повреден и постигна само шест гола во првиот дел од сезоната, а наскоро ќе наполни и 35 години, па шпанскиот гигант полека мора да се подготвува за иднината.




Французинот неодамна ја одби „Златната топка“ откако во претходната година играше на врвно ниво и му помогна на Реал да ги освои шпанската и европската круна.