Дома Топ вести Ел Класико по 175-ти пат: Најава, анализа и предлог тип

Ел Класико по 175-ти пат: Најава, анализа и предлог тип

el clasico

Каков ќе биде исходот на натпреварот кој целиот свет со нетрпение го очекува?

Ел Класико доаѓа во еден крајно незгоден момент за Реал Мадрид, додека од друга страна во вистинско време за Барселона. Така барем изгледа, ако ги согледате моменталните околности на Реал Мадрид. Несигурна форма и голем дефицит на поени. Клучни играчи кои не функционираат и неколку фудбалери кои се жалат на повреди. Добро е тоа што повредите се ситни, па веројатно нема да претставуваат проблем за Зидан. Освен тоа, Реал патуваше многу во изминатиот период, ако се знае дека играа на Светското Клубско првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако е помината само половина од сезоната во Ла Лига, разликата на Барса и Реал е дури 11 бода. Кога во прашање се овие две екипи, таа разлика е речиси невозможно да се стигне бидејќи и двете екипи се фаворити на сите натпревари во Ла Лига.

Кристијано Роналдо имаше болки по натпреварот на Светското клубско првенство и пропушти неколку тренинзи, но секако дека ќе настапи. Сепак прашање е дали ќе може да го даде својот максимум веднаш.

Барселона веќе неколку недели го чека овој меч, надевајќи се дека уште сега ќе го реши прашањето за титулата. Во овој дуел Барса влегува по одличниот меч против Депортиво и победата од 4:0. Сега екипата на валверде има серија од 24 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Тоа дефакто значи дека грижите и фрустрациите од летниот трансфер период сега се само минато.

Што е најважно, Барса се чини дека има поставено неверојатно добри услови за успешен резултат, а за разлика од Реал, на Барса ќе и одговара и реми. Луис Суарез нетипично за него почна да асистира, Андрес Иниеста конечно почна да игра како Андрес Иниеста J. Паулињо и Пако Алкасер почнуваат да ја преземаат дел од одговорноста и тежината која до пред некое време беше на грбот на Меси. Духот во екипата е добар и тие ќе бидат подготвени да зададат завршен удар против колебливиот противник.

Целосната анализа за овој натпревар прочитајте ја ТУКА од Кладење.мк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…