Дома Топ вести „Ел Класико“ за германското „чудо од дете“

„Ел Класико“ за германското „чудо од дете“

Европските гиганти Барселона и Реал Мадрид на лето ќе водат битка за младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.

19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.

Барселона веќе стапила во контакт со неговиот агент и ја разгледува можноста за негов трансфер на лето.

Меѓутоа, Каталонците ќе имаат голема конкуренција бидејќи силен интерес за Виртц покажува Реал Мадрид, кој внимателно ја следи ситуацијата.

Виртц веќе дебитираше за германската репрезентација, а „Билд“ смета дека Леверкузен нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…