Репрезентацијата на Македонија репрезентативната пауза за квалификациите за Европското првенство во 2020 година ја завршува со една победа и едно реми.
Во јубилејниот 100-ти натпревар во Скопје во натпреварот во кој херој беше Елиф Елмас славевме победа од 3:1 против Летонија, додека вчера на гости против Словенија и покрај тоа што одигравме добар натпревар на крај мораше да се задоволиме со бод (1:1). Голот за нашата селекција во овој натпревар го постигна Енис Барди.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Херојот од првиот натпревар Елиф Елмас прераснува во фудбалски мајстор и од него македонската спортска јавност има големи очекувања, тој денес преку својот Фејсбук профил порача дека Словенците ќе бидат победени во Скопје.
„Словенците ни се извлекоа, ќе ги победиме во Скопје“, гласи пораката на македонскиот фудбалер.
Слично мислење дели и селекторот Игор Ангеловски.
„Мислам дека на почетокот кажав се што ќе биде над три бода на два меча, ќе биде добро за нас. Но, по она што се случуваше на натпреварот, морам да кажам дека со оваа прекрасна игра можевме го освоиме целион плен. Играта радува, создававме шанси против Словенија и тоа на гостински терен. Тоа е показател на нашиот квалитет. Жалам што фудбалерите во завршните моменти ја загубија концентрацијата. Можевме во Словенија до три бода“ – гласеше изјавата на Ангеловски после натпреварот.