Дома Македонски спорт Елези: Против Малта треба да потврдиме дека резултатот со Италија не е случаен

Елези: Против Малта треба да потврдиме дека резултатот со Италија не е случаен

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува натпревар против Малта, а пред овој натпревар изјава за медиумите даде и Агон Елези, еден од нашите најмлади репрезентативци.

Елези одлично ја искористи можноста и отсуството на Адеми, против Италија покажа дека може да се смета со него. Според Елези против Малта Македонија ќе треба да го демонстрира својот квалитет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Овој натпревар е сосема друга приказна. Ќе биде натпревар во кој ние треба да наметнеме темпо, свој ритам, да потврдиме дека резултатот против Италија не беше случаен. Нормално дека сега ќе биде потешко, бидејќи ние треба да играме со топка, да креираме многу шанси, но јас не се сомневам во овие момци.

Овие момци покажаа многу пати дека можат да се носат со секаков притисок и затоа уверен сум дека против Малта сите ќе дадеме свој максимум и ќе дојдеме до позитивен резултат. А позитивен резултат се три бода. Ние секогаш влегуваме на терен за три бода, тоа е факт, а утре е најдобрата прилика уште еднаш да покажеме дека Македонија вреди, има квалитет и дека Македонија може да се носи против секаков тип на екипи. Се надевам на три бода“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…