Дома Топ вести Ексклузива од Турција: Месут Озил го открил името на новиот клуб!

Ексклузива од Турција: Месут Озил го открил името на новиот клуб!

Медиумите во Труција успеаа да стигнат до ексклузивна информација.

Познато е дека Фенербахче од поодамна е заинтересиран за Месут Озил, клубот од Инстанбул покажуваше голем интерес да го доведе во своите редови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Турчинот со германски пасош најверојатно ќе го напушти Арсенал во наредните шест месеци бидејќи договорот со „топџиите“ му истекува наредното лето и станува се појасно дека нема да го продолжи.

Неколку клубови покажаа интерес за Германецот помеѓу кои како што кажавме беше и Фенербахче, но Озил нема да ја продолжи кариерата во Инстанбул.

Имено, наводно тој ја известил управата на Фенер дека сака да остане во Премиер лигата и дека добил голема понуда од Манчестер Јунајтед која наводно ќе ја прифати.

„Ви благодарам на понудата, но навистина сакам да останам во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед испрати голема понуда и најверојатно ќе преминам таму“, наводно им открил Озил на луѓето од Фенер.

Значи, изгледа дека Мурињо и Озил повторно ќе соработуваат, а во прилог на оваа приказна оди и информацијата дека клубот од „Олд Трафорд“ би можел наскоро да го напушти Ерменецот, Хенрик Микхтаријан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…