Според последните информации, Маурицио Сари може да биде новиот тренер на Милан.
Оваа вест ја пренесоа руските медиуми, бидејќи московскиот Спартак го контактирал Италијанецот, но тој и се заблагодарил и им соопштил дека ја одбива понудата затоа што ќе го преземе Милан?!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антонио Конте беше опција, но тој е многу поблиску до Наполи, додека Тијаго Мота практично ги договори сите услови со Јувентус.
Милан нема многу опции, а Сари е тренер кој одлично го познава италијанскиот фудбал и има успех зад себе.
Сари неодамна го напушти Лацио по серијата лоши резултати, меѓутоа не беше означен само тој како главен виновник бидејќи тука удел имаше лошата атмосафера и трансфер политиката.
Од Италија засега нема потврди, но руските медиуми со прилична сигурност ја пренесуваат вест. Ќе потсетиме, Милан во овој момент е предводен од Стефано Пиоли, но се најавува дека тој ќе добие отказ на крајот од сезоната.