EКСКЛУЗИВА на „Марка“ – Матео Ковачиќ оди во Челзи!
„Марка“ ексклузивно објавува дека Матео Ковачиќ се сели во Челзи како позајмен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На тој начин според шпанскиот медиум би биле задоволени сите три страни. Младиот играч би добил прилика да оди во клубот каде што ќе може да игра.
Според информациите, Ковачиќ ќе отпатува во Лондон и во наредните неколку часови се очекува да потпише договор со Челзи со што ќе започне нова авантура во својата кариера.
Ковачиќ во Мадрид пристигна летото 2015 година од Интер за сума од 31 милиони евра. „Нероаѕурите“ две години претходно го купија од Динамо Загреб за 11 милиони евра.
Финансиските детали од позајмицата во Челзи и начинот на кој таа ќе биде реалзирана се уште не се објавени.
Хрватот за Реал Мадрид одигра 109 натпревари и постигна три погодоци. Тој ќе биде трето засилување за „сините“ после ветеранот Роберт Грин и Жоржињо.
La situación de Kovacic en el Madrid se desbloquea. El jugador ha entrenado en solitario tras saber que el club ha cambiado su postura. El acuerdo de su cesión al Chelsea se anunciará en las próximas horas https://t.co/AGVJYTTCi8
— FichajesMARCA (@Marcatransfer) August 7, 2018