Дома Фудбал Останато Едно од најемотивните простувања: Германецот плачеше како мало дете кога го замени неговиот татко (ВИДЕО)

Едно од најемотивните простувања: Германецот плачеше како мало дете кога го замени неговиот татко (ВИДЕО)

mertezaker

Германскиот фудбалер, Пер Мертезакер (34) сега и официјално ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Тој пред 40.000 гледачи на стадионот во Хановер, клубот во кој израсна во голем дефанзивец го одигра прошталниот натпревар, а емоциите не можеше да ги сокрие кога дојде време да го напушти теренот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот долгогодишен дефанзивец на Арсенал во 90-тата минута симболично го напушти теренот, а го замени неговиот татко.

Тоа беше најемотивниот момент за поранешниот германски репрезентативец.

Кога се приближуваше до аут линијата го чекаше Мертезакер сениор, Пер пушти солзи, цврсто го прегрна и ги поздрави навивачите во почесниот круг.

„Драги навивачи, какво простување е ова… Не можев ниту да замислам дека ќе играм пред вакви навивачи како тука во Хановер. Ви благодарам многу, многу ми значи што баш тука имам прилика да кажам збогум на фудбалот“, се обрати Мертезакер.

Тој професионалната кариера ја започна токму во родниот Хановер за кој играше од 2003 до 2006 година од каде се пресели во Вердер Бремен и се задржа пет сезони, за на крајот да го оболече дресот на Арсенал каде што остана најдолго, седум години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …