Може да биде тешко да се вратите на работа по минатиот викенд во друштвото на фамилијата или пријателите, кога сте спиеле до доцна и сте правеле што сакате.
Сепак, понеделникот не мора да биде депресивен само затоа што доаѓа по пријатен долг викенд. Понеделникот треба да се доживее како нов почеток, како шанса некои работи да се поправат. Еве неколку трикови како да уживате во понеделникот и да ја започнете неделата на вистински начин:
- Направи план. Едноставно запишете на ливче хартија, мобилен телефон или на лап тоа што сакате да постигнете. Списокот може да биде краток или долг, може да биде хаотичен, но тоа не е важно. Во текот на неделата погледнете ги целите кои сте ги запишале и обидете се што е можно повеќе да се придржувате до списокот. Доколку исполните барем 50% од работите на списокот, ќе се почувствувате повеќе продуктивни и моќни.
- Почнете од полесните задачи. По правењето на списокот, започнете со лесните задачи, нешто што можете брзо да направите и што ќе ви ја подигне самодовербата.
- Смејте се. Дури и ако во моментот не ви е до смеење. Неодамнешните истражување покажуваат дека луѓето кои се смеат, дури и додека имаат релативно стресни активности, имаат понормален пулс и попниско ниво на стрес од оние со неутрален ил изагрижен израз на лицето. Насмевката ќе ве натера да се чувствувате подобро. Зошто не пробате веднаш?
- Побарајте ги пријателите. Тоа може да биде некој со кој се слушате и гледате често, но зошто и да не биде некој од оние стари пријатели со кои може и да не се слушнете и по неколку месеци, а во вашиот однос ништо да не се промени. Разговорите со таквите пријатели обично завршуваат со насмевка на вашето лице.
- Бидете љубезни. Студиите покажуваат дека љубезноста ослободува од стрес. Пуштете некој пред вас на каса во продавница или во сообраќајот, придржете им врата на комшиите во зграда, поделете комплимент на некој странец. Вакви работи го поправаат не само Вашето расположение, туку и на другите.
- Забавувајте се. Што ако ви кажеме дека покрај забавата, можете и добро да заработите? Уште една работа која ќе донесе насмевка на вашето лице е HAPPY MONDAY акцијата. За што се работи? Имате кориснички налог во Моцарт Вистинско време е да го проверите, бидејќи секој понеделник, Моцарт има КЕШ ИЗНЕНАДУВАЊЕ за вас.
Коментари