Дома Фудбал Англија Едни го критикуваат, други го оправдуваат – тетоважата на Стерлинг ја подели Англија (Фото)

Едни го критикуваат, други го оправдуваат – тетоважата на Стерлинг ја подели Англија (Фото)

Рахим Стерлинг има нова тетоважа која предизвика бура од реакции во англиската јавност.

Англискиот таблоид „The Sun“ го осудува потегот на фудбалерот, Англија е поделена. Изгледа навистина чудно, но за фудбалерот има големо значење.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„The Sun“ излезе со наслов: „Стерлинг самиот себе си пукаше во ногата“.

Набрзо фудбалерот го објасни својот потег.

„Мојот татко е изрешетан со ова оружје кога јас имав само две години, самиот себе си ветив дека никогаш нема да земам пиштол во своите раце. Оваа тетоважа за мене има длабоко значење“, изјави Стерлинг.

Некои зборуваат дека испраќа погрешна порака, други дека тоа е негова работа, со што се сложува и неизбежниот Прис Морган.

Познатиот водител изјави дека како што Стерлинг има право да истетовира што сака, така и тој има право да го критикува.

„Тој е одличен фудбалер, но навистина право глупости, како што е оваа тетоважа. Со тоа беспотребно си го одвлекува вниманието од теренот“, изјави Морган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…