Дома Фудбал Англија Еден фудбалер на Челзи најмногу се радува на доаѓањето на Лампард

Еден фудбалер на Челзи најмногу се радува на доаѓањето на Лампард

Франк Лампард се врати во Челзи, откако премиерлигашот го отпушти Грем Потер, па сега легендата на клубот ќе треба да го извлече тимот од кризата.

Лампард ќе остане познат и по тоа што промовираше голем број младинци на Челзи во првиот тим, меѓу кои беа Мејсон Маунт и Рис Џејмс.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Маунт не добива шанса во екипата во последно време, а на последните два натпревари не одигра ниту една минута, иако им беше достапен и на Потер и на Бруно Салтор.

Лампард му верува на Маунт, кој го тренираше и во Дерби и кажа што очекува од него во продолжение од сезоната.

„Мејсон секогаш бил фантастичен фудбалер, кој сум го тренирал во Дерби и Челзи. Знам дека имаше проблеми со повреди, но ќе дознаам сега во каква форма се наоѓа знам дека може да биде важен фудбалер за Челси“, кажа Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Атлетик“ објави дека Енрике е најдобар тренер за 2025 година

Шпанскиот стратег Луис Енрике е добитник на престижното признание „Најдобар тренер на годи…