Дома Фудбал Еден од првите играчи што отиде во С. Арабија: Нема страст. Играме за пари

Еден од првите играчи што отиде во С. Арабија: Нема страст. Играме за пари

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, а моментално на саудиски Ал Хилал, Одион Игало, пред еден месец на својот Инстаграм објави видео од луксузниот авион со кој неговиот клуб патува на гостувањата во саудискиот шампионат.

Тој ги прошета своите обожаватели низ луксузниот авион и го покажа сиот луксуз во кој ужива.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Станува збор за авион Боинг 747-400 кој за овие цели го ангажирал принцот Ал Валид бин Талал.

Ал Хилал минатата сезона заврши на третото место во лигата и важи за веројатно најголемиот клуб во Саудиска Арабија.

Веќе некое време носи големи имиња, а најново засилување е Рубен Невес, португалскиот играч за врска кој пристигна од Вулверхемптон.

Во меѓувреме на тимот му се приклучи Калиду Кулибали од Челзи, кој најверојатно не е последниот играч кој летово ќе замине од европски клуб и ќе го облече дресот на Ал Хилал.

Последната понуда на Ал Хилал беше насочена кон Килијан Мбапе, но Французинот го одби најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Единствената причина за големиот бизнис се парите
Токму Игало вчера даде интервју во кое зборуваше зошто голем број играчи се одлучуваат да дојдат во Саудиска Арабија. Се разбира, тој тврди, како што повеќето мислат, дека причината се огромните суми на пари.

„Погледнете ги оние што одат во Саудиска Арабија, сите големи играчи. Роналдо на пример. Дали го води страста?

Роналдо во кариерата заработи сто пати повеќе од мене, а сепак отиде во Саудиска Арабија. Некои луѓе мислат дека тоа е страст „Се е до парите“, рече тој во интервју за OmaSportsTV.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…