Виктор Исајловски, еден од најголемите таленти во македонската кошарка во овој момент на тренингот на МЗТ Скопје Аеродром Уни Банка заработи повреда, а сега за жал се покажа дека станува збор за повреда од сериозен карактер.
Дополнителните прегледи покажаа дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти. Операцијата е закажана и пред Исајловски е долг процес на рехабилитација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Операцијата е веќе закажана, по што ќе следува период на рехабилитација и тоа под будните очи на сите стручњаци со кои располага нашиот клуб. Исајловски и досега ја имаше поддршката од сите во нашиот клуб, а истата ќе ја има во следниот период, во кој ќе сториме сѐ за да го мине на најдобар и најкус можен начин. Тој е еден од играчите на кои сериозно сметаме во иднина и за кого сме уверени дека ќе израсне во еден од носителите на играта не само на МЗТ Скопје Аеродром, туку и на македонскиот национален тим, поради што ќе биде покрај него буквално во секој момент од неговиот пред и пост операциски период, како и за време на рехабилитацијата“, стои во соопштението од МЗТ
Фото: МЗТ Скопје