Како што пренесуваат италијанските медиуми, дефанзивецот ќе го напушти „Сан Сиро“ , но ќе остане во Серија А.
Според „Калчо Меркато“, Габриел Палета ги бори последните денови во редовите на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со доаѓањето на Леонардо Бонучи и Мусакио, Палета отпадна од првиот тим на Милан и оваа сезона не запиша ниту еден настап па јасно е дека дојде време за разделба.
Палета на „Сан Сиро“ пристигна од Парма за само 3.5 милиони евра во 2015 година, а сега кариерата би можел да ја продолжи во Сасуоло во кој би пристигнал како замена за Паоло Канаваро.
Овој 31 годишен фудбалер има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната, па веќе во јануари би можел да преговара со заинтересираните клубови, а би го напуштил Милан наредното лето без оштета.