Еден од најдобрите англиски и европски фудбалски судии, Боби Медли ја заврши својата кариера.
Медли од непознати причини одлучи да ја заврши кариерата, а оваа вест ја потврди и Здружението на професионални судии во Англија. „Боби Медли повеќе не е дел од организацијата. Соопшти дека си заминува од лични причини“, соопштија од Здружението на судии.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Англичаните тврдат дека Медли одлуката ја донел откако што на социјалните мрежи се појави видео во кое овој судија наводно бил во непријатни (сексуални) сцени со куче. Медли е професионален судија од 2013. година.
Судеше 91 натрпевар во Премиер лигата, а минатата сезона ги судеше големите натпревари како Манчестер Јунајтед и Челзи, и Ливерпул и Арсенал. Исто така, беше главен судија на финалето во Комјунити Шилдот во 2017. година помеѓу Арсенал и Челзи.
Навистина бизарна одлука да остави добро платена работа, но веројатно стравот беше во прв план.