Дома Фудбал Останато Еден од докторите: Приказните за коленото на Ибра се измислици!

Еден од докторите: Приказните за коленото на Ибра се измислици!

Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, после операцијата на коленото се опоравува на Флорида, а на терените ќе се врати на почетокот на 2018 година.

Ибрахимовиќ заработи тешка повреда на коленото во четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа против Андерлехт поради кои мораше да отпатува во САД на операција. Минатата недела му беше извршена операција која помина во најдобар ред, а во медиумите се појави вест дека докторите биле шокирани од силината на коската на коленото на Ибрахимовиќ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговиот агент, Мино Раиола изјави дека Ибрахимовиќ ќе се врати во Питзбург за докторите да го истражуваат неговото колено бидејќи никогаш порано не виделе нешто слично, еден од докторите кој работеше на операцијата, Волкер Мушал ги демантираше овие информации.

“Тоа беше рутинска операција и немаше компликации. Златан има добра струтура на коската на неговото колено и е во добро состојба. Сепак, претерување е да се каже дека тој би бил предмет на истражување, тоа се измислици. Кога во прашање е тој, сеуште не можеме да кажеме кога ќе се врати на теренот и колку ќе трае неговото опоравување”- изјави

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хенес без влакно на јазикот: “Ако Исак вреди 150 милиони евра, тогаш Кејн е барем…”

Долгогодишниот челник на Баерн се осврна на пазарната вредност на напаѓачите и актуелните …