Дома Фудбал Италија Егзодус во Рим: После Ди Франческо заминува и Мончи!

Егзодус во Рим: После Ди Франческо заминува и Мончи!

Рома вчера соопшти дека Ди Франческо повеќе нема да биде тренер на тимот.

На Ди Франческо му пресуди поразот од Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите. „Волчицата“ оваа сезона имаше многу кризни периоди, но клубот даваше поддршка на Ди Франческо, сепак за управата елиминацијата од Порто беше капката која ја прели чашата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа италијанските медиуми вчеравечер објавија и дека Ди Франческо нема да биде единствениот кој ќе го напушти клубот и дека по неговите стапки ќе тргне спортскиот директор Мончи.

„Фудбал Италија“, пренесува дека Мончи денес ќе објави дека го напушта клубот, како и дека на крајот од сезоната ќе ја превземе функцијата во Арсенал нешто за кое во медиумите со месеци се шпекулираше.

Мончи е на удар на критиките од навивачите поради своите трансфери во Рим оваа сезона. Навивачите сметаат дека Мончи со својата погрешна политика значително го ослабел клубот во однос на минатата сезона. Сепак, изгледа и Мончи чекал ситуација да го крене сидрото, а отказот на Ди Франческо очигледно дека би можел му послужи како причина.

Освен тоа на враќањето од натпреварот во Португалија на аеродромот биле пречекани од бесни навивачи на „волчицата“ со кои Мончи влегол во конфликт. Тој се извини за своето однесување, но веројатно нема да помине така лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …