Европските гиганти на лето ќе водат битка за младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.
19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.
„Билд“ тврди дека Баерн Минхен е фаворит за неговиот потпис, но треба да ја победи конкуренцијата од Барселона, Милан и Манчестер Сити.
Виртц е офанзивен играч за врска, кој оваа сезона на 9 настапи постигна 2 гола и 4 асистенции.