На стадионот „Рајко Митиќ“ започна продажбата на влезници за натпреварите на Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
Уште од раните утрински часови пред стадионот во Белград се направи „река“ од луѓе кои сакаа да дојдат до вредното парче хартија кое значи гледање на европските гиганти во живо. Нешто на кое овој клуб чекаше долги години…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во претходните денови Звезда продаваше пакет карти за членовите на клубот и оние со годишна карта, а денес започна отворената продажба за сита останати.
Иако благајната на стадионот беше отворена дури во 10:00 часот редот пред стадионот како што пишуваат српските медиуми започнал да се формира уште од четири часот наутро! Веќе во седум часот имало преку 1.000 луѓе во долгата редица…
https://www.facebook.com/crvenazvezdafk/videos/268494750450399/