Дома Фудбал Европскиот вицепрвак на суд бара правда против казната од ФИФА

Европскиот вицепрвак на суд бара правда против казната од ФИФА

Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид во понеделник ги изнесе своите докази пред Спортскиот суд во Лозана, со кои се надева дека ќе ја побие казната на ФИФА заради која на лето не смее да доведува нови фудбалери.

ФИФА му забрани на Атлетико Мадрид доведување на играчи за време на изминатиот зимски преоден рок во јануари, како и претстојниот летен рок заради неправилности околу трансферот на малолетни фудбалери од 2007 до 2014 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сослушувањето во понеделник траеше шест часа, а обете страни ги изнесоа своите верзии на настаните.

Судиите би требало конечната одлука да ја донесат до 1 јуни, кога започнува летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за еден од најбараните во Премиер лигата: Еден клуб веќе се откажал!

Фудбалерот на крилна позиција од Борнмут, Антоан Семењо, веројатно ќе го напушти тимот во …