Најугледните англиски медиуми донесуваат ексклузивни информации за иднината на најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо.
Како што пренесува „Скај Спорт“, Роналдо е заинтересиран за ваќањето во Манчестер Јунајтед, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација. Медиумите тврдат дека Португалецот донел конечна одлука и сака по секоја цена да се врати на „Олд Трафорд“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан се обиде и со јавен повик да го убеди да остане, но неговиот одговор бил негативен.
„Во Шпанија ме третираат како да сум криминалец, поради тоа заминувам“, наводно му рекол Роналдо на Зидан, пренесуваат португалските медиуми.
Интересот е взаемен, бидејќи покрај ПСЖ, Јунајтед е еден од клубовите кои се спемни да потрошат огромни пари за да го донесат Роналдо во своите редови.
Медиумите на Островот тврдат дека се направени првите контакти и дека од 1-ви јули официјално ќе започнат преговорите за трансферот кој ќе ги сруши сите граници и кој уште долго време ќе биде главна тема во медиумите.