Хет-трикот на Роналдо против Атлетико уште неколку денови ќе ги полни насловниците на спортските медиуми.
Најголемата ѕвезда на Јувентус која пристигна ова лето имаше магична вечер и ги постигна сите три гола во натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот еден ден пред натпреварот за клупскиот сајт изјави дека верува во пласман во следната фаза и на многумина тоа им изгледаше како нешто стандардно, дури и исфорсирано.
„Ова е натпревар за кој се живее. Ова се фантастични ноќи, ноќи за ЛШ и тимот е свесен дека го очекува голем натпревар. Тие се силен тим, тоа сите го знаат. Добро се бранат, не ризикуваат многу, играат на контранапади. Но, подготвени сме и ќе направиме се за да победиме. Детали ќе одлучуваат кој ќе оди понатаму и ќе биде во четвртфиналето. Никој не очекуваше дека ќе изгубиме во првиот натпревар, но тоа се случи. Сега сакаме силно да одговориме на предизвикот. Јас имам една порака до навивачите – мислите позитивно, ние веруваме дека е можно четвртфинале. Ни треба помошта од навивачите, па направете фантастична атмосфера, а ние ќе направиме се за да победиме“, изјави Роналдо пред натпреварот.
Меѓутоа сега Евра на својот Инстаграм профил објави и пораки кои си ги разменувал со својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед.
Евра: Брате ја сметам на тебе за пресврт во Лигата на шампионите. Никогаш не сум се сомневал во тебе. Луѓето секогаш ме „убиваат“ кога ти или Јувентус ќе изгубите.
Роналдо: Знам. Ќе поминеме брате. На домашен терен ќе ги разбиеме.
Евра: Да живее Роналдо
Роналдо: (селфи)