Дома Фудбал Англија Евра за ситуацијата во Манчестер Јунајтед го обвини – Фергусон!

Евра за ситуацијата во Манчестер Јунајтед го обвини – Фергусон!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра смета дека Сер Алекс Фергусон е еден од виновниците за ситуацијата во редовите на „црвените ѓаволи“.

Неодамна раководството на Манчестер Јунајтед со цел да заштеди одлучи да го отпушти Фергусон од улогата на амбасадор на клубот која ја извршуваше по завршувањето на тренерската кариера.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Евра сега зборуваше за денешната ситуација на „Олд Трафорд“, а покрај Фергусон се гледа и самиот себе како виновник.

„Навистина ми е тешко да зборува за тоа што се случува во Јунајтед во овој момент. Исчезнаа вредностите кои ги имавме. Се обвинувам себеси, но и Фергусон. Премногу рано заминавме и тимот не беше подготвен, фудбалерите немаа пример кого да следат“, изјави Евра.

Последната титула во Премиер лигата Манчестер Јунајтед ја освои во 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…