Дома Фудбал Англија Евра: Роналдо е вонземјанин – луѓе не можат да одиграат 700 натпревари, а тој постигна 700 гола!

Евра: Роналдо е вонземјанин – луѓе не можат да одиграат 700 натпревари, а тој постигна 700 гола!

Во минатиот викенд против Евертон, Кристијано Роналдо испиша историја и стана првиот фудбалер кој постигнал 700 голови на клупско ниво.

Ова секако е уште едно големо достигнување на Португалецот, а на оваа тема се огласи неговиот поранешен соиграч Патрис Евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Роналдо е вонземјанин. Тој како да не е од оваа планета, неговите достигнувања се лудост. Луѓе не можат да одиграат 700 натпревари, а тој постигна 700 гола – неверојатно! Постигна 700 гола, 700 пати ја смести топката во мрежата, би можел да повторувам цело време и пак ќе ми биде тешко да поверувам“.

„Поседува неверојатна дисциплина и тоа постојано го турка напред, ги руши сите барирери. Мислам дека има потреба да го прави тоа без разлика на се и што зборуваат другите. Диетата, навиките, излегувањата…Луѓето не разбираат колку е тешка таа дисциплина и колку тој се жртвува“, изјави Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…