Патрис Евра изгледа прави се што може за што повеќе да се пишува за него.
Искусниот 37 годишен лев бек веќе некое време не игра фудбал, но преку друштвените мрежи се обидува да привлекува големо внимание. Овој пат преку Леонардо Бонучи испрати провокација до Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сега се врати насмевката. Ку*ац што таму ќе играше Лига на шампиони“, напиша под фотографијата на Бонучи алудирајќи на неуспешната едногодишна авантура на италијанскиот стопер на „Сан Сиро“.
Имено, „росонерите“ веќе пет години чекаат да се вратат во најелитното европско натпреварување кое во минатото го освојуваа седум пати.
Меѓутоа како што тоа вообичаено се случува на друштвените мрежи се јавија навивачите на Милан и го потсетија Евра на 2007 година.
Таа година во Лигата на шампионите се сретнаа Милан и Манчестер Јунајтед, каде што тогаш настапуваше Евра. Во тој натпревар Евра заедно со Габирел Хајнце беа жртви на епскиот потег на Рикардо Кака.
„На Евра очигледно уште му се врти во глава од овој дуел“, гласеше еден од коментарите на навивачите на Милан.
„Бонучи, повеќе нема да ти посакам ниту добар ден бидејќи ми се јавуваат твоите непријатели. Навивачи на Милан, поради вашиот клуб светот знаеше за фудбалот. Меѓутоа, сега тоа е така поради Јувентус“, гласеше одговорот на Евра.