Дома Фудбал Италија Евра: Алегри прави чуда, овој тим на Јувентус нема квалитет

Евра: Алегри прави чуда, овој тим на Јувентус нема квалитет

Јувентус вчера доживеа бламажа во Лигата на шампионите и со поразот од 0:3 од Виљареал прерано заврши уште една евро сезона.

По ваквиот пораз следуваа бројни критики на смета на сите во Јувентус, а вообичаено најмногу во ваква ситуација да се критикува тренерот, во овој случај тоа е Алегри. Сепак, поранешниот фудбалер на Јувентус, Патрис Евра застана во одбрана на италијанскиот стратег.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Разочаран сум од лицето кое го покажа Јувентус во овој натпревар. Морам да кажам дека Алегри прави чуда затоа што нема квалитет во оваа екипа, посебно во средниот ред. Кога бев јас ги имавме Маркизио, Видал, Пирло…Денес не видов дека Артур нешто направи“, смета Евра.

Ќе потсетиме Евра член на Јувентус беше од летото 2014 година кога дојде до Манчестер Јунајтед се до јануари 2017 година кога премина во Марсеј. За Јувентус Евра одигра 82 натпревари, постигна три гола и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

После Гарначо Челзи носи уште еден незадоволен играч на Јунајтед Наслов: После Гарначо, Челси ќе краде уште еден незадоволен од Рубен Аморим?

Гарначо ова лето пристигна од Манчестер во Лондон, а по негови стапки би можел да тргне и …