Според многумина, двaта најдобри тима во светот се среќаваат на финалето во Париз од 21 часот.
Освојувачот на трофејот ќе слави со денови, а посебен мотив се парите што ќе ги добие за победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победникот од овогодинешната ЛШ ќе добие 22,6 милиони евра. Клубот кој ќе биде поразен ќе добие 17,5 милиони евра. Покрај тоа, Ливерпул ќе добие 24,4 милиони за рангирањето на УЕФА и 18,4 милиони за телевизиските права по финалето. Во случајот со Реал тие суми се 35,5 милиони односно 13,2 милиони.
Вреди да се додаде дека и двете екипи во овогодинешната ЛШ веќе заработија вкупно околу 180 милиони евра за спортски достигнувања. Англичаните сезонава заработија 91,44 милиони евра, а Реал Мадрид 88,27 милиони евра. По финалето овие суми ќе се зголемат уште повеќе.
Во случај на победа на Ливерпул нивната вкупна заработка ќе изнесува 139,34 милиони евра, а кај Реал 142,07 милиони евра.
УЕФА издвои вкупно две милијарди евра за бонуси, кои се делат на сите учесници, но секако најмногу за оние кои стигнаа до самиот крај.