Дома Македонски спорт Мак фудбал Еве кога македонските клубови би можеле да ги играат првите натпревари во Европа летово

Еве кога македонските клубови би можеле да ги играат првите натпревари во Европа летово

Стопирањето на актуелната сезона поради пандемијата од коронавирусот го пролоингира и стартот на новата сезоната, пред квалификациите за новата сезона во Лигата на шампионите.

Директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ кој е во контакт со неговиот сонародник Зоран Лаковиќ кој е член на работната група на УЕФА за новиот распоред ги објави првите термини кога би моежеле да стартуваат евроквалификациите за ЛШ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според она што тој го изјави првите термини се 28 јули и 4 август, тогаш би се играле т.н претквалификации, а за 11 август е планиран терминот за првата рунда во Лигата на шампиони. Тое е еден месец подоцна од нормалниот календар.

Сепак, тука се отвара проблем. Кај нас вонредната состојба е пролонгирана за уште еден месец и тоа значи дека фудбал во првата лига нема да има пред јуни. Од лигата останаа 13 кола, но и куп натпреварите и сето тоа би завршило за два месец, а потоа без многу одмор да се започне евросезоната, практично без подготовки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…