Како што е веќе добро познато во вчеравечер во натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Стразбур (2:2) го видовме едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот.
За сите кои не се запознаени во прашања е промашувањето на Ерик Чупо Мотинг кој од гол линијата не успеа да ја погоди мрежата. Она што е најинтересно е тоа што ако Мотинг ја оставеше топката и не играше со неа таа ќе завршеше во мрежата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вакво промашување тешко може да се објасни, но Мотинг не можеше да избега од новинарите кои најмногу ги интересираше тоа, а еве што тој имаше да каже.
„Прво мислев дека Нкунку ќе ми асистира, но тој шутираше. Стоперот направи лизгачки старт и мислев дека ќе го изблокира ударот. Меѓутоа топката помина, а јас помислив дека можеби е офсајд. Се се случи премногу брзо. Не успеав да изреагирам како што сакам и топката не заврши во мрежата. Жал ми е поради се, но мораме да продолжиме напред“, изјави Мотинг.
Мотинг после ова промаување доби и поддршка од својот соиграч од ПСЖ, Килијан Мбапе.
„Штета што не ја прославивме титулата вечерва, направивме се што можевме. Подршка за Чупо-Мотинг. Јас промашив многу повеќе од тебе оваа сезона, ја имаш поддршката од целиот тим“, порача Мбапе после вчерашниот натпревар.
Wtf is Chupo-Moting doing here ??? pic.twitter.com/lGbdJINBFh
— Kev (@Kevslfc) April 7, 2019