Дома Останати Тенис Еве како изгледа најновата АТП листа пред почетокот на УС Опен

Еве како изгледа најновата АТП листа пред почетокот на УС Опен

Очите на љубителите на тенисот од денеска ќе бидат вперени во Њујорк, каде ќе започне УС Опен, последниот Грен слем турнир во сезоната.

Првиот, Австралија опен, го освои Јаник Синер, а потоа Карлос Алкараз славеше на Ролан Гарос и Вимблдон. Новак Ѓоковиќ е бранител на титулата во Њујорк, а оваа година освои само еден турнир, олимпискиот во Париз кој за него беше и најважен.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Пред самиот почеток на УС Опен беше објавена и најновата АТП листа.

Новак Ѓоковиќ кој за многумина по играта која ја покажа во Париз е прв фаворит турнирот го дочекува од втората позаиција. Пред него е само Италијанецот Јаник Синер.

Синер, кој во Њујорк пристигна по допинг скандалот кој беше актуелен овие денови, убедливо води на листата со 9.360 бодови, додека Ѓоковиќ има 7.460. Алкараз е многу блиску со само 100 бода помалку.

Во топ 10 се уште: Александар Зверев, Данил Медведев, Андреј Рубљев, Хуберт Хуркач, Каспер Руд, Григор Димитров и Алекс де Минор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …