Страшна сцена се случи во Бризбејн откако отровна змија го прекина меот на еден од најпознатите тенисери во светот, Доминик Тим.
Поранешниот трет светски рекет утрово играше против Австралиецот Џејмс Мејкеб и првиот сет го загуби со 2:6 и само што требаше да се врати во мечот на теренот се појави змија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судијата го прекина мечот и го повика обезбедувањето, а змијата за која се покажа дека била екстремно отровна и долга околу половина метар на крајот беше фатена.
По отстранувањето на змијата мечот продолжи и Тим направи пресврт победувајќи со 2:1. Поради проблемите со повредите ранкигот на Тим неодамна го достигна најниското ниво, но успеа да се врати во топ 100 и сега му е потребна само една победа да дојде до главниот турнир. Го чекаат и квалификации за Австралија Опен.
Инаку змијата била од видот Источно кафена и нејзиниот отров се смета за втор најсилен во светот, а може да порасне и до два метри.
На социјалните мрежи се појави и фотографија.
Dominic Thiem match suspended by deadly snake as security forced to intervene https://t.co/JOgAHfhQNM
— Express Sport (@DExpress_Sport) December 30, 2023