Дома Фудбал Италија Еве го УДАРОТ од Флорентино Перез: Сакаш да си одиш, имаш само два начина….

Еве го УДАРОТ од Флорентино Перез: Сакаш да си одиш, имаш само два начина….

Во еден момент изгледаше дека се е готово, дурисе споменуваше и симболиката на датумот и бројот на неговиот дрес, можеше Кристијано Роналдо токму денес на 7. јули да биде промовиран во нов напаѓач на Јувентус, но работата мора да почека. И натаму и во Мадрид и во Торино убедени се дека Португалецот ќе премине во Серија А, меѓутоа, не под услов кој пред некој беше споменуван.

Причината е желбата на претседателот на трикратниот европски шамппион, Флорентино Перез, Роналдо да го продаде по поголема цена од 100 милиони евра. Таа сума се чини не ги задоволува апетитите на првиот човек на Реал, кој според информациите на торинските медиуми ја подгнал обештетата за 50%. Сега бара 150 милиони евра, но како што се наведува е подготвен да ја пушти својата прва ѕвезда и за 130 милиони. Само да извлече повеќе пари.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што се наведува, во четвртокот вечерта, на состанокот првиот соработник на Флорентино, Хосе Анхел Санчез и Мендеш, агентот на најдобриот фудбал на светот, соборен е усмениот договор кој важеше од изминатата зима, дека обештетата ќе се симне од милијарда на 100 милиони евра. Перез преку својот човек го извести Мендеш дека ветувањето на играчот истекло на 15. јуни и дека сега Кристијано чини 150 милиони евра. Што повторно, не ја намалува реализацијата на работата, бидејќи од сите страни стигнуваат позитивни информации дека Јувентус преку спонзорите ќе ја земе сумата и ќе ги пробие сите граници кога е во прашање финансиската политика.

Од друга страна, Дон Флорентино освен финансиско има уште едно барање. Мадридски Ас уверува дека сопственикот на Реал не сака, барем не јавно да излезе губитник во целиот трансфер, а особено не е подготвен да претрпи уште еден силен удар од јавноста по разделбата со Флоретино Перез и куршлусот кој изби со именувањето на новиот тренер Џулен Лопетеги, два дена пред првиот меч на Шпанија на Мундијалот. Се чувствува непријатно и поради тоа преку посредник соопшти дека Роналдо ќе има зелено светло за заминување, дури кога тој јавно ќе соопшти дека сака да го напушти Реал и дека тоа е негова жеба, дека никој не го приморувал. Едноставно Перез на тој начин сака да се „испере себеси“ и планира да го репризира случајот на Чаби Алонсо од 2014. година кога замина во Баерн само неколку месеци откако го продолжи договорот.

„Реал не сакаше да ме продаде, туку јас побарав трансфер, а клубот само ја разбра мојата желба за промена на средината“, истакна Алонсо пред 4 години и за 9 милиони се пресели во Минхен.

Флорентино Перез сака со истите зборови да се изјасни и Кристијано Роналдо, да му дојде на нозе и да побара трансфер. Тоа ќе биде судир на две големи ега, особено што Роналдо им вети на челниците на Јувентус дека доаѓа кај нив, па дури претседателот на клубот им се довери на пријателите со зборовите:

„Ако Кристијано потпише за Јувентус, може да остане колку сака, бидејќи ние немаме традиција да продаваме легенди“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …